28.11.2014.

Tасевски, Беквалац, Кузмановски - кандидати за клупата на Пелистер?

ПЕЛИСТЕР НА ПРАГОТ ДА ДОБИЕ СТРАНСКИ ТРЕНЕР ЗА ПРВ ПАТ ПО 20 ГОДИНИ
По спогодбеното раскинување на договорот со Марјан Секуловски, на клупата на Пелистер само уште в недела ќе седи неговиот помошник Димитар Капинковски, а потоа клубот во период од 7-8 дена ќе го промовира новиот тренер.
Деновиве во македонската и српската јавност се спомнуваат неколку имиња со кои клубот контактирал и прелиминарно разговарал. Така бившиот тренер на Партизан и Верија и селектор на Гана, Горан Стевановиќ. Тој до минатата година работеше во кинескиот Ксиндао Јонун. Па контактиран е и Стевица Кузмановски кој беше тренер во ОФК Београд, Славија Софија и Ереван. Во комбинација е и бившиот тренер на Работнички, Драгољуб Беквалац, Жикица Тасевски и белгиецот Патрик де Вилде. Овој последниот работеше во Беверен, Ред Бул Салзбург и Есперијанца од Тунис. Од клубот потврдија дека разговарале со споменатите, но и со уште неколку тренерски имиња од нашата земја. Иако во бивша Југославија Пелистер го воделе српски стручњаци, од почетокот на натпреварување во Првата македонска лига, на клупата на Пелистер никогаш не седнал странски стручњак. Исто така Пелистер потврди дека на 6 декември во Битола ќе пристигне Андреја Милутиновиќ, кој ќе изврши комплетен лабораториски преглед врз сите професионалци во клубот. Се работи за врвен стручњак со кого соработуваат најдобрите европски клубови. 

Нема коментара:

Постави коментар