Powered By Blogger

29. 11. 2014.

Младиот Пелистер со недоволна победа се прости од Европа

ЧЕСНА ЕЛИМИНАЦИЈА ВО ОДЛИЧЕН МЕЧ ЗА МЛАДИОТ ПЕЛИСТЕР НА ИГОР НИКОЛОВСКИ
Пелистер - Дукла Прага 24:18 (12:7)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 4000
Судии: Роберто Шевоја и Таи Алперан (Италија)
Делегат: Тихомир Касуниќ (Хрватска)

Пелистер:
Крстевски, Николиќ 3, Димитровски 8, Дрогришки 7, Рајатовски 2, Тодоровски, Гаревски, Илиевски 3, Јовановски (9 одбрани), Вељановски, Нечков, Кузмановски 1, Георгиевски
Седмерци: 3/3
Исклучувања: 6 минути

Дукла Прага:
Рангл (6 одбрани), Керн, Шимунек, Свитек 1, Брежина, Фулнек, Котрц 6, Рајхл 3, Мубензем, Ј. Петружела, Т. Петружела (5 одбрани), Јеничек 2, Кастнер 6, Шустек
Седмерци: 1/1
Исклучувања: 8 минути
Иако одиграа достоинствено и борбено и ја совладаа Дукла со 24:18, ракометарите на Пелистер се елиминирани во 3 коло од Челинџ Купот. Во убав амбиент пред 4000 гледачи, мечот започна израмнето и при 3:3 домаќините први се одлепија. Одбраната на битолчани и голманот Јовановски гоподигнаа нивото и Николиќ и Дрогришки во 18 минута за прв пат донесоа +3 за македонскиот претставник (8:5). Голманот Томас Петржала и Јакуб Кастнер со 3 гола ја одржуваа Дукла во мечот. Но во последните 5-6 минути во мечот преку Васко Димитровски, Пелистер отиде на 12:7 и промаши зицер на 3-4 секунди до одморот. Борбениот прв дел на ракометарите на Николовски ветуваше дека Пелистер до последна топка ќе се бори за подвиг. И на почетокот од вториот дел Пелистер „нагази„ и преку врската Николиќ – Димитровски дојде до 15:8 во 37 минута. Но брзото крило Милан Котрц со два гола во 42 минута намали на 16:11. На средината од второто полувреме физички паднаа битолчани, а и се разбрани Даниел Рангл и Дукла со два лесни гола од контранапад спушти дури до 17:13. Капитенот Димитровски со два реализирани седмерци во 52 минута ги врати во вториот дел најчестите +5. Кога Свитек даде гол кога чесите беа со двајца ракометари помалку, се срушија и минималните шанси за чудо (20:16). До крајот само чесно простување од Европа со победа од 24:18 за младиот Пелистер на Игор Николовски. Кај Пелистер се истакнаа Димитровски и Дрогришки, а кај Дукла најдобри поединци беа крилата пред се левото крило Милан Котрц.   

Игор Николовски
(тренер на Пелистер)
Сакам да им честитам на гледачите, на „Чкембарите„ кои цело време беа наш осми играч и како во старите времиња се поистоветуваа со тимот. Ние дадовме максимум, со оваа млада и неискусна екипа, со само 7-8 ракометари, практично без замена повеќе не можевме. Квалификацијата ја загубивме во Прага, по долгиот пат и се она што му претходеше на првата средба. Но јас верувам во оваа млада екипа и со 1-2 засилувања, сигурно ќе има што да каже во иднина.

Васко Димитровски
(капитен на Пелистер)
Првиот натпревар и поразот од 10 разлика е тоа за што треба да жалиме. На овој меч бевме одлични, дојдовме и до 7 разлика, но против една поискусна и екипа со повеќе квалитетни ракометари повеќе од тоа не се можеше. Со оваа публика, слободно можам да кажам најдобрата публика, полесно се игра, но сепак за подвиг е потребно многу повеќе. Сакам да им честитам на моите соиграчи за борбата и срцето кое го оставија на теренот. 

Нема коментара:

Постави коментар