04.11.2014.

Првакот Макпетрол пресилен за битолските куглари

ДОЛГОГОДИШНИОТ ПРВАК МАКПЕТРОЛ, ПРЕСИЛЕН ЗА КУГЛАРИТЕ НА ХЕРАКЛЕА
За време на викендот се одиграа три натпревари од третото коло од првата македонска кугларска лига 2014/2015 година. Во кугланата "Мусандра" во Градскиот трговски центар се одигра дербито на колото помеѓу екипите на Работнички и Вардар 2014. Во крајно неизвесен и израмнет натпревар,меѓусебните дуели завршија нерешено и поделба на бодовите, па победникот беше одлучен преку вкупниот број на соборени кегли.
Така, домаќинот Работнички победи со резултат 5:3, со 3267 соборени кегли наспроти 3237. Вториот натпревар кој се одигра во кугланата "Мусандра" беше помеѓу екипите на Империјал Тобако и Македонија,заврши со победа на Империјал Тобако од 7:1, со вкупен резултат на соборени кегли 3112:2923. Во третиот натпревар, во кугланата во спортската сала “Младост” во Битола, екипата на Хераклеа го пречека актуелниот шампион и лидер на табелата - тимот на Макпетрол. Натпреварот заврши со победа на Макпетрол и резултат 0:8, со што остануваат единствената екипа во шампионатот со сите победи во третото коло. Третото коло од Македонската кугларска лига 2014/2015 година ќе се комплетира во среда, кога во кугланата “Мусандра” во ГТЦ - Скопје во 17:30 часот ќе се сретнат екипите на 18 Август АДИНГ и ГТЦ. По три одиграни мечеви, Хераклеа е на третото место со една победа, едно реми и еден пораз.

Нема коментара:

Постави коментар