Powered By Blogger

8. 11. 2014.

Реми на Мајнц и Мехелен без Новески и Пачовски

НЕРЕШЕНИ ИСХОДИ ЗА ЕКИПИТЕ НА НОВЕСКИ И ПАЧОВСКИ ВО ГЕРМАНИЈА И БЕЛГИЈА
По трет пат во сезоната на Џупилер ПРО лигата на Белгија, екипата на Мехелен, каде настапува Томе Пачовски пропушта победа во последните минути од мечот. Во рамките на 15 коло, Мехелен поведе против Серкл Бриж со голот на Хани во 60 минута, а гостите израмнија преку Кабананга во 83 минута.
Пачовски повторно не доби шанса и остана на клупата за резервни фудбалери. По ова реми екипата на Пачовски останува на средината на табелата со 19 бода. Во наредното 16 коло Мехелен му гостува на Генк на 23 ноември во 18 часот. Мајнц, кој и натаму без повредениот свој капитен Николче Новески, одигра многу позитивни 0:0 на гостувањето во Леверкузен против учесникот во Лигата на шампионите, Баер Леверкузен. Со овој бод по 11 кола од Бундеслигата, Мајнц остана на 8 место со 15 бода. Во наредното 12 коло „црвените„ од Мајнц го дочекуваат Фрајбург на 22 ноември.   

Нема коментара:

Постави коментар