03.11.2014.

ВИДЕО: Реми за Вождовац, 90 минути за Китановски

РЕМИ ЗА ВОЖДОВАЦ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН СО ДОБАР НАСТАП НА ТОМЕ КИТАНОВСКИ
Битолчанецот Томе Китановски ги одигра сите 90 минути на позиција на десен бек, а неговиот Вождовац одигра 1:1 против Спартак Суботица на својот „Трговски стадион„ во Вождовац. Домаќините поведоа со голот на Бабовиќ во 38 минута, а гостите израмнија преку Георгијевиќ во 84 минута.
Китановски заработи високи оценки во српските дневни спортски весници, а и влезе во бележникот на главниот судија заради жолт картон во 42 минута. По 11 кола, Вождовац е претпоследен со 8 освоени бода. Наредната сабота од 17:30 часот, Вождовац му гостува на Напредак од Крушевац. 

Нема коментара:

Постави коментар