24.11.2014.

Пелистер и тренерот Секуловски се разделија

ПО ПОЛОВИНА СЕЗОНА СОРАБОТКА, МАРЈАН СЕКУЛОВСКИ И ПЕЛИСТЕР СЕ РАЗДЕЛИЈА НА СПОГОДБЕН НАЧИН


По ремито на гостувањето кај Тетекс (1:1) во неделата, Пелистер и тренерот Марјан Секуловски спогодбено ја прекинаа соработката која со договор ги врзуваше до крајот на сезоната 2014/15.
На последниот меч од есенскиот дел од шампионатот, битолскиот прволигаш ќе го води помошникот на Секуловски, Димитар Капинковски, а потоа ќе биде назначен нов шеф на струката за пролетниот дел од шампионатот. Секуловски дојде на местото на Бочевски и Пелистер го водеше на 16 натпревари и освои 18 бода. Ова е трет негов период минат во матичниот Пелистер, но по 9 кола без победа, тој и управата на клубот дојдоа до заедничко решение во иднина друг предводник на седне на клупата на Пелистер. 

Нема коментара:

Постави коментар