Powered By Blogger

5. 11. 2014.

Мирчевски одличен, надежите подобри од Азербејџан

БИТОЛЧАНЕЦОТ БЛЕСКАШЕ, НАДЕЖИТЕ ГО СОВЛАДАА АЗЕРБЕЈЏАН
Селекцијата на Македонија до 18 години одигра контролен натпревар против репрезентацијата на Азербејџан. На теренот во комплексот „ Куќа на фудбалот" нашата млада репрезентација славеше победа со 2:0. Одличен почеток на нашите фудбалери кои со голот на Петар Петковски уште во првата минута од овој дуел поведоа со 1:0.
Во првото полувреме не искористивме  уште неколку добри прилики за зголемување на предноста. Најголемата можност за постигнување гол ја имаше Георгиев Бобан кој со одличен удар од работ на шеснаесетникот ја погоди пречката.
Во вториот дел уште еден гол во мрежата на Азербејџан. Кочовски Валентин со удар од белата точка во 77 минута го постави конечниот резултат. За одбележување е и црвениот картон во гостинската селекција.
Во 74 минута Мадатов Махир поради втор жолт картон предвреме го заврши натпреварот. Македонската репрезентација  беше подобар противник во текот на целата средба и сосема заслужено забележа победа.

Нема коментара:

Постави коментар