Powered By Blogger

13. 11. 2014.

Заминува и последниот бугарин од Пелистер, Динчев без нов договор


БУГАРСКАТА КОЛОНИЈА ВО БИТОЛА ОСТАНУВА БЕЗ СВОЈОТ ПОСЛЕДЕН ЧЛЕН
Искусниот дефанзивец на битолски Пелистер, Кирил Динчев на крајот од есенскиот дел од шампионатот на истекот од договорот кој беше потпишан минатата зима, ќе го напушти битолскиот прволигаш.
Динчев дојде од бугарскиот Литекс од Ловеч, а оваа сезона игра многу повеќе од минатогодишната. Солидно ја извршуваше својата улога на левата и десната бековска позиција, а на последните 5 меча е во стартниот тим на својата екипа. Сепак стратегијата на клубот е во друга насока и страните ќе се разделат. Со тоа заминува и последниот бугарски интернационалец кој пристигна во претходната сезона. Претходно по една сезона Пелистер го напуштија Ковачев, Христов, Воденичаров и Љубенов. Заминувањето на Динчев е второ во битолскиот прволигаш, по тоа на Брдаровски кој веќе е слободен фудбалер.

Нема коментара:

Постави коментар