Powered By Blogger

3. 11. 2014.

ВИДЕО: Берое пресилен за Литекс, Спировски настапи во финишот

СПИРОВСКИ ВЛЕЗЕ ВО ИГРА ВО 82 МИНУТА, А БЕРОЕ ГО СОВЛАДА БИВШИОТ ПРВАК ЛИТЕКС
Битолчанецот Стефан Спировски настапи во последните 10 минути и учествуваше во победата на неговиот Берое во Стара Загора против Литекс со 2:0. Со головите на Елијаш Резенде во 28 и 68 минута „зелените„ заборавија на неуспесите и им се вратија на победите.
Спировски го засили средниот ред, влегувајќи на местото на двојниот стрелец во 82 минута. Со оваа победа Берое е на третото место по 14 кола со 24 бода, 9 помалку од лидерот ЦСКА и 4 од второпласираната екипа на Лудогорец. Во наредното 15 коло, Берое в петок во 16:45 часот му гостува на Левски.  

Нема коментара:

Постави коментар