16.11.2014.

Реми за Констанца на гостувањето кај Сучеава

МОМЕНТИ НА ПРОМЕНЛИВА ФОРМА ЗА РАКОМЕТАРИТЕ НА КОНСТАНЦА ВО РОМАНСКАТА ЛИГА
Ракометарите на Констанца кои ја бранат титулата во романскиот шампионат ремизираа на гостувањето кај Сучеава со 27:27 (13:14). Тимот на Звонко Шундовски и Бранислав Ангеловски водеше во текот на целиот натпревар, но во финишот домаќините преку Трифковиќ успеа да се изборат за бод.
Ангеловски одигра одличен натпревар и постигна 4 гола, а Вујадиновиќ и Тома со по 6 гола беа најефикасни во екипата на Констанца. Кај Сучеава се издвоија Тирзиори со 6 и Трифковиќ со 5 гола. По ова реми Констанца падна на 4 место со 19 бода и меч помалку, а водечка е екипата на Букурешт со 22 бода.   

Нема коментара:

Постави коментар