Powered By Blogger

13. 11. 2014.

Брдаровски си замина од Пелистер и ја обелодени причината за тоа

ДЕСНИОТ БЕК ГО НАПУШТИ ПЕЛИСТЕР, А НАМАЛУВАЊЕТО НА ПЛАТАТА Е ПРИЧИНАТА ЗА ТАКВИОТ ЧЕКОР
И официјално Брдаровски не е веќе во Пелистер. Искажувањата од клубот дека бил повреден и затоа не играл на последните натпревари и не биле така вистинито. Имено, тој не играл поради неисполнување на договорот од страна на новото раководство на ФК Пелистер.
„Не сум повеќе во Пелистер. Си заминав од мојот матичен клуб. Можам да кажам дека причините се сосема разбирливи според мене, неисполнување на договорените услови, односно драстично намалување на примањата. И затоа решив да преземам ваков драстичен чекор и да го напуштам Пелистер. Немам што повеќе да кажам освен дека навистина жалам. Му посакувам на мојот сакан Пелистер во иднина само успеси и само убави работи. Мене не ми престанува ништо друго освен да ја дочекам зимската пауза и да направам трансфер во некој друг клуб“ изјави за „Македонски спорт„ Брдаровски.

Нема коментара:

Постави коментар