Powered By Blogger

4. 11. 2014.

Голем интерес за аикидо семинарот „Љубомир Врачаревиќ„

ГОЛЕМ БАЛКАНСКИ СЕМИНАР ЗА РЕАЛЕН АИКИДО ВО БИТОЛА
Битола деновове беше домаќин на меѓународниот семинар за реален аикидо  наречен „Љубомир Врачаревиќ„ кој го организираше федерацијата за реален аикидо и неговиот претседател Ѓуро Илиќ.
Со поканети гости од целиот Балкан, околу 100 присутни од Македонија, Грција, Бугарија, Србија и Црна Гора, неколку дена во центарот за боречки вештини во Битола, тајните на овој спорт на присутните им ги доближија Радоица Спасовиќ - 9 дан и како специјален гостин Ана Врачаревиќ, ќерка на предвреме починатиот Љубомир Врачаревиќ. Дводневното дружење беше под мониторинг на Ѓуро Илиќ, кој е директор на канцеларијата за реален аикидо на Југосисточна Европа. Семинарот мина во пријатна работна атмосфера и сите присутни беа задоволни од виденото и сработеното. Ваквиот тип на активности со години ги практикува Ѓуро Илиќ и федерацијата и наидуваат на голем интерес и внимание од целата јавност во овој дел од Европа. На крајот од истиот сите 100 присутни добија специјални медали, како сеќавање на настанот.
Наскоро светска промоција на ДВД - 101 техника

Пред неколку месеци официјално излезе во етер новото ДВД наречено „101 техника„ од авторот Ѓуро Илиќ. На социјалните мрежи, на Youtube и на некоја од регионалните телевизии, беа емитувани детали од ДВД, кое своја светска премиера ќе доживее на крајот од ноември во Битола со 100 присутни гости од светот на спортот, реалниот аикидо, џудото и јавниот живот. На промоцијата Ѓуро Илиќ и неговиот тим подготвуваат серија на изненадувања, а подоцна сите ќе можат да го набават ДВД материјалот во продажба.
Џудо клубот Пелистер слави 45 години од постоењето

Напоредното со развивањето на аикидо спортот, Ѓуро Илиќ и првите луѓе на неговиот џудо клуб, не го забораваат ЏК Пелистер кој кон крајот на годината слави 45 години од постоењето. Исто така се предвидува одбележување на јубилејот, а како потсетување на почетоците ќе биде исфрлен ДВД материјал „Џудо - спорт, самоодбрана и рекреација„ што ќе биде римејк на видео касетата која во 1989 година, Ѓуро Илиќ ја издаде.  

Ѓуро Илиќ
ЏК Пелистер (основан 1969 година)
Како тренер во ЏК Пелистер работи од 1975 година и низ негови раце минале преку 7000 ученици
АК Пелистер (основан 1986 година)
Џудо мајстор - 5 дан
Аикидо мајстор - реален аикидо - 7 дан (Прв аикидо мајстор во Македонија - 1986 година)
Џиу Џицу - 5 дан
Претседател и основач на Аикидо федерацијата на Македонија
Претседател на комисијата за доделување на појаси при федерацијата
Член на бордот на директориумот на светскиот центар за реален аикидо за Романија, Бугарија, Грција, Албанија, Турција и Македоника
Супервизор на турската федерација за аикидо на сите селекции
Член на Европската куќа на слави за боречки вештини
Автор na 10 книги, 5 видео изданија, 4 ДВД изданија

Нема коментара:

Постави коментар