20.11.2014.

Дали пак против Тетекс ќе проработат битолчани?

ПО ДЕВЕТ МЕЧА БЕЗ ГОЛ И ПОБЕДА ПРОТИВ ПОСЛЕДНО ПЛАСИРАНИОТ ТЕТЕКС, ПЕЛИСТЕРЦИ СТАВААТ КРАЈ НА ЛОШАТА СЕРИЈА
Од 14 септември и мечот со Тетекс, кој Пелистер го доби со убедливи 3:0, пелистерци не можат да се препознаат. Минаа 9 меча во шампионатот и 2 во националниот Куп во кои екипата од под Тумбе кафе не знае за победа, а во последно време ги губи и мечевите во кои не е инфериорен против ривалите како против Ренова и Силекс.
Можеби требаше да дојде повторно мечот со Тетекс за битолчани да се радуваат. Против фенерџијата Пелистер не се чувствува како фаворит и покрај тоа што „штофарите„ никого не победиле оваа сезона во меч за бодови, а и во националниот Куп се наоѓаат во тешка ситуација по четвртфиналниот пораз од второлигашот Кожув Миравци. Секуловски не може да смета ниту бна повредениот Миле Петковски, кој во средата се пожали на болки во грбот и мали се шансите да се опорави за неделното гостување. Од поодамна надвор од комбинација се фудбалери како Миленковски, Степановски, Марковски, Трајковски, а Брдаровски си замина. На бековските позиции се најголемите проблеми на битолскиот тренер кој веројатно ќе комбинира бидејќи во овој момент има само еден вистински бек и тоа бугаринот Кирил Динчев. Пелистер не може да се пофали со некоја кој знае колку добра статистика на теренот на Тетекс, без разлика дали тоа е Тетово или Скопје, но барем не губи и најчесто ремизира против стариот и традиционален тетовски клуб.


Нема коментара:

Постави коментар