27.11.2014.

„Чкембарите„ добија билборд за нивниот 30 роденден

ИАКО ПРОБЛЕМИТЕ СО НАШИТЕ КЛУБОВИ ОСТАНУВААТ „ЧКЕМБАРИТЕ„ ДОБИЈА БИЛБОРД ЗА НИВНИОТ РОДЕНДЕН
Во пресрет на 30 годишнината од постоењето на навивачката група „Чкембари“ општина Битола и ЈКП Комуналец Битола изработија билборд кој го означува собирното место на навивачите, а истовремено и поддршката која навивачката група ја има од локалната самоуправа.
Билбордот е поставен на почетокот од градското шеталиште. На официјализацијата сите им дадоа подршка на ракометарите, а тие истакнаа дека освен од општината не добиваат помош од ниту една друга страна.
Градоначалникот Талески вети дека по примерот на ФК Пелистер ќе го трансформира и ракометниот клуб и нема да престане да го помага и финансиски и организационо.
Во меѓувреме и оваа сезона како и претходните пет, пелистерци само ќе живуркаат и ќе чекаат нова трансформација барем за наредниот шампионат 2015/16.

Нема коментара:

Постави коментар