Powered By Blogger

30. 11. 2014.

„Петарда„ и презимување на осмото место

НАЈУБЕДЛИВ ПОРАЗ ОВАА ЕСЕН И 18 БОДА НА КОНТОТО ПО 17 ЕСЕНСКИ НАТПРЕВАРИ ЗА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР 
Прва фудбалска лига - 17 - коло
Шкендија - Пелистер 5:0 (2:0)

Градски стадион во Тетово. Гледачи: 1000
Главен судија: Стевче Шулески (Охрид)
Асистенти: Жарко Тодороски (Охрид) и Кирил Неигриески (Струга)
Делегат: Гоце Шопоски (Радожда)
Стрелци: Вручина во 24, Зеба во 45, Кировски во 50 и Имери во 70 и 90 минута за Шкендија
Жолти картони: Вручина (Шкендија), Пашовски, Мирчевски (Пелистер)
Црвени картони: нема

Шкендија:
Јовановски, Мурати, Милиев, Бериша, Урдинов, Усеини (од 30м. Селмани), Зеба (од 71м. Тотре), Бојку (од 58м. Имери), Жуниор, Вручина, Кировски

Пелистер:
Пашовски (од 11м. Ристевски), Динчев, Тодоровски, Атанасовски, Мустафов, Анастасов, Ристевски (од 71м. Недановски), Ганчев, Мирчевски, Петковски, Ступиќ


Не можеше да се очекува чудо на гостувањето во Тетово на битолски Пелистер, кога против себе ја има силната Шкендија. За разлика од мечот со Тетекс, зелените тотално беа немоќни против црвено-црните. Проблемите станаа уште поголеми кога Пашовски го повреди зглобот и во 11 минута беше заменет со Ристевски. По лекарскиот извештај во клиничката болница во Тетово, констатирано е дека нема оштетување на лигаментите од зглобот на капитенот на битолчани и се работи само за истегнување. Во 20 минута домаќините ја фатија на спиење одбраната на Пелистер. Имери брзо изведе слободен удар, го најде Стенио Жуниор кој ја направи најтешката работа и му понуди на Бојан Вручина само да ја пласира топката во празната мрежа. Срамежливи беа обидите на битолчани, а неизвесноста околу победникот беше решена во последната минута од првиот дел. Зеба пласираше од работ на казнениот простор, па Дарко Ристевски беше немоќен да интервенира. Во вториот дел домаќините играа на рутина, а Пелистер се помири со поразот. По акцијата на Зеба, Христијан Кировски само ја втурна топката во небранетата мрежа. На 4:0 зголеми Имери во 70 минута по убавиот центаршут на Вручина. Во последната минута Имери фати убав волеј по центаршутот на Јани Урдинов и ги постави финалните 5:0. За екипата која ја водеше Димитар Капинковски дебитираше младиот Недановски во средниот ред, играјќи неполни 20 минути. Со овој пораз Пелистер презимува на осмото место на табелата со 18 бода и ќе има полни раце работа да го поправи впечатокот на пролет.  

Нема коментара:

Постави коментар