08.11.2014.

Констанца се враќа со голема победа од дербито во Бакау

ШУНДОВСКИ И АНГЕЛОВСКИ ГО ДОБИЈА ДЕРБИТО ОД 9 КОЛО НА РОМАНСКАТА ЛИГА
Актуелниот првак на Романија, Констанца каде тренер е Звонко Шундивски, а настапува и Бранислав Ангеловски брзо одговори на критиките по домашниот пораз од Тимисоара пред две недели. Во дерби мечот од 9 коло на романската лига, Констанца славеше од тешкото гостување кај Бакау со 22:24 (10:12).
Момците на Шундовски играа многу мотивирано, водеа во текот на целиот натпревар и се вратија на водечката позиција на табелата. Ангеловски постигна 3 гола за победничката екипа, за која најефикасен беше Тома со 11 гола. Со 19 бода, Констанца е лидер на табелата на романскиот шампионат со 6 победи 1 реми и 2 порази. 

Нема коментара:

Постави коментар