Powered By Blogger

8. 11. 2014.

Ристевски не настапи, ни Савиќ не ја спаси Славија од пораз

ЕДЕН МАКЕДОНЕЦ НЕ НАСТАПИ, А ЕДЕН БЕШЕ СТРЕЛЕЦ ЗА СЛАВИЈА ВО СОФИСКОТО ДЕРБИ СО ЛОКОМОТИВ 
Битолчанецот Кире Ристевски за прв пат оваа сезона не настапи на меч на Славија заради прекуброен избор на странски фудбалери, а неговиот клуб не успеа да спаси бод во градското дерби со Локомотив. Македонскиот интернационалец Душан Савиќ не успеа да го спаси од пораз својот тим во дуелот против Локомотив Софија.
Гостите славеа со 1:2, а Савиќ го постигна единствениот гол за домаќините, што за него беше прв во бугарскиот шампионат на пет натпревари. Славија со овој пораз останува во долниот дел на табелата, односно на десеттото место. Во наредното 16 коло, Славија му гостува на Берое во Стара Загора.

Нема коментара:

Постави коментар