27.11.2014.

Скопското дерби за Мечкаровски, охридски судии за Пелистер

ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИТЕ ЗА ПОСЛЕДНОТО ЕСЕНСКО КОЛО НА ПРВАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА
Вардар и Работнички дербито ќе го одиграат во недела во 17 часот на Филип Втори„ во Скопје, а правдата ќе ја дели Димитар Мечкаровски. Помошници ќе му бидат Дејан Неделковски, Гоце Петрески и Константин Влахо. Делегат е Јованчо Пилешков, а контролор Ванчо Коцев.
Дуелот на Пелистер во Тетово со Шкендија му е доверен на Стевче Шулевски од Охрид. Ќе му помагаат Жарко Тодоровски од Охрид и Кирил Негриески од Струга. Четврт судија ќе биде Марјан Марковски, исто така од Охрид. Делегат на ФФМ ќе биде Гоце Шопоски од Радожда, а контролор Марјан Ристевски од Кичево. 

Нема коментара:

Постави коментар