23.11.2014.

Пелистер тешко поразен во Прага, во реваншот потребно е чудо

ПО ТЕШКИОТ ПОРАЗ ВО ПРАГА, БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ПРЕД ЕЛИМИНАЦИЈА ВО ЧЕЛИНЏ КУПОТ
Челинџ Куп - 3 - коло
Дукла Прага – Пелистер 34:24 (14:10)

Враќањето на Пелистер на европската сцена по една година помина со висок пораз во Чешка. На гостувањето кај Дукла, во Прага,  битолчани загубија со 34:24., и сега ќе имаат тешка задача за реваншот, иако паркетот во Битола бил сведок на многу подвизи.
Домаќините победата ја креираа во неколку бранови, почнувајќи од 15 минута. Дотогаш беше 6:6, но пелистерци почнаа да грешат дозволувајќи му на ракометарите на Дукла лесни голови од контранапади. Чесите направија серија од четири гола до 22 минута, потоа поведоа и со највисоки 12:7, но сепак на пауза заминаа со 14:10. Во вториот дел отпорот на Пелистер траеше кратко, само првите 5 минути, кога резултатот беше 16:12. Потоа следуваше серија од 5:1 за Дукла и највисока предност дотогаш од 21:13, која опстојуваше долго време, сѐ додека домаќините не направија нов налет и ја пробија двоцифрената бариера. Во 57.минута поведоа со 31:21. Пелистер успеваше да се симне на минус девет во два наврати, но со гол со звукот на сирената, Дукла ги постави конечните 34:24. Реваншот во Битола се игра в сабота во 18 часот.

Нема коментара:

Постави коментар