25.11.2014.

Со победа на Б екипата, Пелистер најави излез од кризата

ТРИУМФОТ НА Б ЕКИПАТА МОЖЕБИ НАЈАВУВА КРАЈ НА ЦРНАТА СЕРИЈА НА ПЕЛИСТЕРЦИ 
Пелистер - Силекс 3:1 (1:1)

Градски стадион: ,,Тумбе кафе” Битола. Гледачи: 100
Главен судија: Ирена Велевачковска
Асистенти: Маријан Смилкоски и Иле Мишевски (сите од Прилеп)
Стрелци: Ристевски во 37, Недановски во 87 и Поповски 90 за Пелистер, а Мариќ во 23 за Силекс
Жолти картони: Недановски (Пелистер) и Јаков (Силекс)
Црвени картони: нема

Пелистер:
Апостоловски (од 46м. Ристевски), Бошевски, Котевски (од 25м. Шумковски), Атанасовски, Магловски, Трифуновски (од 65м. Мицевски), Велевски, Главевски (од 77м. Поповски), Кузманов (од 65м. Таири)

Силекс:
Пановски, Насевски, Јаков, Рудан (од 56м. Миневски), Ристевски (од 46м. Симјановски), Глигоров (од 62м. Нешовски), Костовски, Митевски, Мариќ, Џонов (од 65м. Блажев), Стојков

Благодарение на одличното второ полувреме фудбалерите на Б екипата на Пелистер го совладаа Силекс со 3:1 и го заборавија претходниот пораз од Работнички со истиот тој резултат. Со тоа по два и пол месеци барем малку е прекината црната серија која го снајде битолскиот клуб. За зелените погодија Ристевски, Недановски и Поповски, а единствениот гол за Силекс беше дело на Мариќ, кој погоди и за победа на кратовци на мечот на најсилните екипи пред две и пол недели. 

Нема коментара:

Постави коментар