07.11.2014.

Стигна сертификатот за Николиќ, в сабота дебитира за Пелистер

КОНЕЧНО ПРВО СТРАНСКО ЗАСИЛУВАЊЕ ЗА НОВИОТ ПЕЛИСТЕР
Иако пред седум недели пристигна во Битола и тренира со екипата, црногорскиот бек Богдан Николиќ дури од вчера официјално е нов член на Пелистер, откако битолскиот суперлигаш го плати сертификатот и Николиќ има право за настап веќе од в сабота и мечот со Работнички.
Проблемите го надвиснаа битолскиот клуб, кој настапува со скоро па младинска екипа и има повеќе порази од победи по првата половина од есента. Се наближува и европскиот двомеч од Челинџ Купот со чешката Дукла од Прага и итно е потребно засилување на играчкиот кадар. Николиќ има 22 години, игра на позицијата лев бек и е продукт на школата на Сутјеска од Никшиќ, а три сезони играше за Ловчен. И покрај младоста, Николиќ има преку 15 европски средби за црногорските клубови. Покрај Николиќ, во Пелистер се обидуваат да го регистрираат и голманот Филип Симоновиќ, кој исто така доаѓа од Црна Гора, од екипата на Даниловград. 

Нема коментара:

Постави коментар