Powered By Blogger

8. 11. 2014.

Брдаровски оваа зима го напушта Пелистер

БИВШИОТ МЛАДИНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПО ВТОР ПАР ЌЕ ГО НАПУШТИ ПЕЛИСТЕР ОВАА ЗИМА 
По една и пол сезона во дресот на неговиот матичен Пелистер, десниот страничен фудбалер на битолскиот прволигаш, Владица Брдаровски повторно заминува. Со оглед на тоа што не најде заеднички јазик со управата на клубот за продолжување на соработката, Брдаровски може да размислува за својата иднина, иако има договор со пелистерци до крајот на овој шампионат.
За брзиот битолски фудбалер постои интерес од неколку странски клубови и од Работнички и Шкендија од нашите прволигаши. 22 годишниот Брдаровски настапуваше и за Работнички и чешкиот Брно, а има и 2 настапи за најдобрата и 17 за селекцијата за фудбалери под 21 година. 

Нема коментара:

Постави коментар