Powered By Blogger

8. 11. 2014.

И без Китановски, голема гостинска победа за Вождовац

СО ГОЛЕМИ ТРИ БОДА ОД КРУШЕВАЦ, ВОЖДОВАЦ И БЕЗ МАКЕДОНЕЦОТ ИЗЛЕЗЕ ОД ОПАСНАТА ЗОНА 
Томе Китановски не настапи заради акумулација на жолти картони, а неговиот Вождовац забележа важна победа на гостувањето кај Напредак во Крушевац со 0:2. Со головите на Џугуриќ во 22 и Скерјанц во 26 минута, екипата од белградското предградие дојде до третата победа во сезоната на Јелен Суперлигата во 12 одиграни кола.
Вождовац скокна до 13 место со 11 освоени бода.Во наредното коло на 22 ноември, Китановски треба да се врати во тимот на домашниот меч со Нови Пазар.

Нема коментара:

Постави коментар