26.11.2014.

Мајнц со нов договор за Новески

МАКЕДОНЕЦОТ ЌЕ ЈА ПРОДЛАБОЧИ СВОЈАТА ЛЕГЕНДА УШТЕ ПОВЕЌЕ ВО ГЕРМАНИЈА
Екипата на Мајнц планира да ја продолжи соработката со македонскиот фубалер Николче Новески. Сегашниот договор на Новески истекува ова лето, а во него има клаузула дека доколку одигра 20 натпревари, договорот автоматски ќе му биде продолжен.
Сепак, поради повреда сезонава Новески има одиграно само два натпревари за екипата на Мајнц. И покрај тоа, од раководството на клубот истакнуваат дека нема да има никакви проблеми Новески да продолжи со екипата и сето тоа ќе зависи од неговите желби и планови„Новески е важен дел од нашата екипа, и не е дискутабилно дали ќе му понудиме ново продолжување на договорот. Сепак, ќе треба да разговараме со него да слушнеме дали тој ќе може уште да игра. Со оглед дека има веќе 35 години, и ќе наполни 36. Ако тој смета дека може уште да помогне во нашиот тим, тогаш не е спорно. Сосема е јасно дека Новески многу придонесе за Мајнц, и ние сме му благодарни, но продолжувањето на договорот зависи само од него“, рече директорот на екипата Кристијан Хеидел. Новески веќе 10 години настапува за Мајнц, во чиј дрес има одиграно 306 официјални натпревари. Доколку потпише нов договор, Новески ќе остане во тимот до 2016. година.

Нема коментара:

Постави коментар