Powered By Blogger

16. 11. 2014.

Нова победа на надежите, 8 минути за Мустафов

ВТОРАТА ПОБЕДА НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА СО ДВАЈЦА БИТОЛЧАНИ НА ТЕРЕНОТ 
Репрезентацијата на Македонија со 21. година славеше победа против Црна Гора од 1:0 на контролниот натпревар одигран на теренот во комплексот „Куќа на фудбалот“. Ѓоко Зајков во 38. минута го постигна погодокот за победа на нашата млада селекција.
Составот предводен од Благоја Милевски заслужено се радуваше на победата, имавме контрола на играта, не му дозволивме на противникот да создаде конкретна шанса за гол и го остваривме зацртаното на овој натпревар. Во првото полувреме шанса за погодок во нашата репрезентација имаа Давид Бабунски и Марјан Радевски. Голот за водство Зајков го постигна по корнерот на Енис Барди. Во второто полувреме најдобрата прилика за удвојување на водството ја пропушти Филип Пивковски. Црна Гора имаше неколку обиди од полушанси, но не создадоа стоотстотна шанса за израмнување. Македонската репрезентација одигра доволно паметно, дисциплинирано и на крајот заслужено славеше против Црна Гора. од битолските фудбалски надежи Филип Пивковски одигра 82 минути, а беше заменет со Бурхан Мустафов, членот на средниот ред на Пелистер. За Благоја Милевски ова е втора победа на селекторската позиција, првиот триумф во неговиот деби натпревар како селектор на младата репрезентација го издвојувавме против Романија на Националната арена.

Нема коментара:

Постави коментар