Powered By Blogger

5. 11. 2014.

Прва победа на Б тимот на Пелистер

СО ГОЛОТ НА ОПОРАВЕНИОТ ИВЕ ТРИФУНОВСКИ, Б ТИМОТ НА ПЕЛИСТЕР ГО ДОБИ МЕТАЛУРГ ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Пелистер - Mеталург 1:0 (1:0)

Градски стадион под „Тумбе кафе„. Гледачи: 200

Пелистер:
Ристевски, Бошевски, Ристевски, Магловски, Котески, Велевски, Атанасовски, Таири, Кузманов, Трифуновски, Недановски
Уште играа:
Апостоловски, Тасевски, Шумковски, Горгиевски, Стојановски, Поповски, Темелковски 

Во рамките од 5 коло во лигата на Б тимовите, Пелистер на домашен терен го совлада скопски Металург ао 1:0. Пелистер рано стигна до водство, по една одлична акција по десната страна на Недановски по која со удар од 16 метри Иве Трифуновски со одличен удар го матира гостинскиот голман. Со оваа победа Б екипата на Пелистер има на своето конто има 5 бода, но и натпревар помалку, оној во Скопје со Вардар.

Нема коментара:

Постави коментар