03.11.2014.

Ивановски изнуди пенал, но Брашов се радува во Клуж

И ПОКРАЈ ВОДСТВОТО, ЕКИПАТА НА ИВАНОВСКИ ПРЕТРПЕ НЕОЧЕКУВАН ДОМАШЕН ПОРАЗ ОД БРАШОВ
Македонскиот репрезентативец, битолчанецот Мирко Ивановски изнуди пенал на дуелот од романскиот шампионат против Брашов на свој терен, но неговиот Клуж доживеа изненадувачки пораз од 1:2.
Во 6 минута Чанутира донесе водство од 1:0 за Клуж со удар од белата точка, откако Ивановски беше соборен во гостинскиот шеснаесетник, но фудбалерите на Брашов успеаја до крајот комплетно да го свртат резултатот во своја полза со двата гола на Константинеску. Клуж пропушти можност дополнително бодовно да се доближи до водечката Стеауа, останувајќи со 26 бода, пет помалку од Стеауа, на втората позиција на табелата во романското првенство.

Нема коментара:

Постави коментар