16.11.2014.

Пачовски по голманската ќе почне нова кариера

БИТОЛСКАТА ТРЕНЕРСКА ФЕЛА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЧЛЕН ВО РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ КАПИТЕН
Нашиот репрезентативен голман и капитен Пачовски, во текот на летото посетуваше курс за УЕФА Б Диплома и со успех го заврши. На собиорт на репрезентацијата за натпреварот против Словачка, битолчанецот и официјално ја доби УЕФА Б дипломата пред сите играчи во Хотел ТЦЦ Гранд Плаза дипломата му ја врачи Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.
Со ова Пачовски покажува дека размислува за иднината и дека негова определба повторно е фудбалот. “Се определив за тренерска работа од многу едноставна причина, јас тоа го знам и го разбирам и се надевам дека по завршувањето на играчкаѕта кариера ќе покожам и дека можам да бидам добар тренер. Планирам да почнам да работам со млади категории а посебно со голмани. Знам дека следи семинар за тренери на голмани и моја определба е да ги следам сите трендови во тренерската работа за да можам  да бидем во тек со сите новости. Се заблагодарувам на ФФМ и луѓето во Центар за едукација на тренери со кои го поминав првото ниво на тренерска едукација“ заврши бившиот голман на Пелистер.

Нема коментара:

Постави коментар