Powered By Blogger

9. 11. 2014.

Втор пораз во три натпревари за КК Пелистер

НА ГОСТУВАЊЕТО ВО ВЕЛЕС, НОВ ПОРАЗ НА КОШАРКАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР
Во третото коло од Втората македонска лига кошаркарите на Пелистер беа поразени во спортската сала „Гемиџии“ во Велес од домашниот Борец Баскет со 77:64. Предноста беше на страната на домаќините во текот на целиот натпревар, а пред крајот разликата стигна и до 20 поени.
Најефикасен кај домаќините беше Петар Виларов кој постигна 32 поени, а се истакна и искусниот Влатко Неделков. Екипата на Пелистер оваа сезона е значително ослабена во споредба со минатата кога настапуваше во Првата лига. Единствена цел на екипата во моментот е опстанок во Втората лига. Во наредното коло кошаркарите на Пелистер на свој терен ја пречекуваат екипата на Шкупи.

3 - коло:
Михајловски - Вардар Апаве 82:67
Радовиш - Т-Баскет 71:84
Борец Баскет - Пелистер 77:64
Шкупи - Тетекс ТТК 90:78
Дино Баскет - Црн Дрим 70:101

слободна беше екипата на Бест

Нема коментара:

Постави коментар