Powered By Blogger

12. 11. 2014.

Предавачи од цела Европа ќе ја усовршуваат школата на Пелистер


НАЈАВЕНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АКАДЕМИЈАТА НА ФК ПЕЛИСТЕР
Напоредно со проблемите со сениорската екипа, новиот управен одбор на Пелистер одпочна нов концепт на работа на младинската школа на клубот, која ќе добие нов координатор и тренери и ќе има сосема поинаков начин на работа, во кој ќе бидат вклучени и предавачи од цела Европа.
Имено најнапред беше објавен оглас за тренери кои ќе кандидираат за работа со младинската академија на клубот, потоа ќе биде избран координатор, а наскоро ќе започне и новиот проект во кој според спортскиот директор Милош Манојловиќ, познати тренери за младински фудбал ќе доаѓаат во Битола и со своето искуство и квалитет ќе помагаат во насочувањето на школата. Стручњаци од Србија, Холандија, Белгија, Германија веќе се контактирани и во иднина ќе се запознаат со една од најталентираните фудбалски школи во Македонија. Целта според Манојловиќ е секоја година 2-3 таленти од академијата да испливаат на површина во сениорската екипа. Пелистер од секогаш имал раскошни таленти во своите редови и покрај бедните услови и лошата инфраструктура. Но во последните неколку години и покрај прогресот на фудбалери од младинската екипа во сениорската, во Битола не доаѓаат трофеи од младинските натпреварувања, а се почести се поразите и падот на табелата во младинските лиги.

Нема коментара:

Постави коментар