Powered By Blogger

7. 11. 2014.

Потребна е реакција на пелистерци уште в недела против Силекс

ПОСЛЕДНИОТ ДОМАШЕН МЕЧ НА ПЕЛИСТЕР ОВАА ЕСЕН Е МОЖНОСТ ДА СЕ ПРЕКИНЕ СЕРИЈАТА НА НЕУСПЕСИ НА ЗЕЛЕНИТЕ
Добрите игра на последните меѓусебни натпревари со Силекс се единствената позитивна вест за пелистерци оваа недела. Барем фудбалерите на Секуловски имаа можност во мир да го подготват овој меч,по серијата на 5-6 меча во интервал од 15 дена. Брдаровски е  надвор од стројот, нема да кандидираат за место во тимот ни Миленковски, Марковски, Степановски и Главевски.
Сепак радува враќањето на Димче Ристевски по два пропуштени натпревари. Стерилноста на нападот, битолчани ќе ја лекуваат со тактички промени, многу повеќе трчање и повеќе директни удари кон противничкиот гол. Со исклучок на Ступиќ, кој одамна не постигнал гол, останатите фудбалери од офанзивната зона во средниот ред не погодиле со месеци, а и среќата му го сврте грбот на последните два домашни мечеви со Ренова и Хоризонт Турново. Битолчани како подобро и во мир би ги подготвиле последните три средби оваа есен, се одлучија да не даваат изјави и да се фокусираат само на првиот нареден натпревар. Никој не сака да размислува за последиците ако не се победи Силекс, но за да се сопре стагнацијата на првенствената табела, потребна е реакција и во играта и во резултатот.


Нема коментара:

Постави коментар