Powered By Blogger

20. 11. 2014.

Пелистерци охрабрени од „Чкембарите„ заминуваат за Прага

БИТОЛЧАНИ И ПОКРАЈ ПРОБЛЕМИТЕ СО ДОПОЛНИТЕЛНА ВЕДРИНА СОЗДАДЕНА ОД СВОИТЕ НАВИВАЧИ, ЗАМИНУВА НА ПАТ ЗА ЧЕШКА
По едногодишна пауза битолски Пелистер се враќа во натпревари од европските купови и денес го одржа последниот тренинг пред утрешното патување со автобус до Прага. Пред 13 години токму во овој куп, битолски Пелистер стигна до финалето, што и денес е единствено машко клубско финале на еден македонски клуб во машка конкуренција.
Пелистерци пред заминување беа охрабрени од навивачката група Чкембари, чии што членови дојдоа во спортската сала „Младост„ и со транспарент на кој пишуваше „Изгинете на терен за нас„ му дадоа подршка на младиот играчки кадар на битолчани. Никогаш во историјата битолчани не биле со вака млад ростер, кој од пред две недели е посилен за црногорскиот интернационалец Богдан Николиќ, кој веројатно од неговиот чичко Слободан Николиќ доволно слушал за познатите европски денови во Битола. Но пред мечот со Дукла во спортската сала „Младост„ ракометарите на Пелистер треба да остават впечаток в недела од 11 часот, кога во главниот град на Чешка го играат првиот натпревар.
„Знаете дека имаме многу млада и неискусна екипа. Но ние не одиме со бело знаме и убеден сум дека ќе донесеме позитивен резултат пред реваншот. Одлуката за патникот ќе се решава во Битола. Затоа уште сега ќе ги повикам нашите навивачи наредната сабота во спортската сала „Младост„ да не подржат„ вели Николиќ. Капитенот Васко Димитровски вели дека и покрај проблемите, битолчани знаат каков противник ги очекува: „Гледавме неколку натпревари на Дукла. Можам да кажам дека се цврста и типична чешка екипа, но далеку се од непобедливи. Верувам дека не сме отпишани, иако по ждрепката сите коментиравме дека можеше да добиеме и подобар противник. Вака до крај ќе се бориме„ вели кружниот напаѓач на Пелистер.  

Нема коментара:

Постави коментар