25.11.2014.

Пелистерци тонат, но мислат и на пролетта, па договорија подготовки во Анталија

ПО НЕГАТИВНИТЕ РЕКОРДИ, ПЕЛИСТЕР НАЈАВУВА СИЛНА РЕКОНСТРУКЦИЈА И ЗИМСКИ ПОДГОТОВКИ ВО ТУРЦИЈА
Со негативните рекорди кои ги соборија, со 9 и пол натпревари по ред без постигнат гол и 9 недели без победа и тренерската смена вчера, Пелистер потврди дека е во голема криза. Заминувањето на Секуловски само потврдува дека тренерското место во Битола е несигурно, бидејќи за 5 години клубот смена 10 тренери (или в.д. тренери).
Сепак од клубот потенцираат дека не е и нема се да биде така црно. Минатиот викенд спортскиот директор Милош Манојловиќ беше во Турција, каде ги дефинира деталите околу зимските подготовки за клубот. За прв пат зелените ќе имаат подготовки во Анталија, откако претходно главно се припремаа во Дојран или Охрид, а еднаш беа и во Малага (Шпанија). На почетокот на фебруари, битолчани во централната фаза на подготовки во Турција ќе минат две недели и ќе одиграат серија на престижни пријателски натпревари. Но до тогаш важно е со колку бода ќе презимат и со каков играчки кадар ќе го дочекаат стартот на зимските подготовки кон средината на јануари. 

Нема коментара:

Постави коментар