Powered By Blogger

23. 11. 2014.

Битолската драма за кугларите на Вардар 2014

ВО НАЈНЕИЗВЕСНИОТ МЕЧ ВО КОЛОТО, КУГЛАРИТЕ НА ХЕРАКЛЕА ПОРАЗЕНИ НА ДОМАШЕН ТЕРЕН ОД ВАРДАР
Хераклеа - Вардар 2014 3:5 (3087:3093)


Мечот меѓу Хераклеа и Вардар 2014 во Битола го оправда нивото на дерби на 6 коло од Првата македонска лига во куглање.
Во вистински трилер натпревар, во кој индивидуално беа поделени бодовите и победникот беше решен со бројот на соборени дрва, гостинската екипа на Вардар 2014 со само 6 соборени дрва повеќе успеа да се врати со полн плен од Битола. Завршниот резултат на крајот беше 3:5 за Вардар 2014, а резултатот на вкупно соборени дрва 3087:3093. По овој пораз Хераклеа падна на петтото место со 5 освоени бода.

Нема коментара:

Постави коментар