04.12.2014.

Талески: „Од денес спортот во Битола врти нова страница, Пелистер доведе големо име„

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЗАДОВОЛЕН ОД АНГАЖМАНОТ НА ГОЛЕМИОТ ТРЕНЕРСКИ АС, ЃОКО ХАЏИЕВСКИ
Општина Битола и приватната компанија „Цермат“-Битола, како акционери во ФК „Пелистер“ денес заеднички соопштија дека во наредниот период нов тренер на ФК Пелистер ќе биде познатиот фудбалски стручњак Ѓоко Хаџиевски:
„Амбициозни сме и сакаме да го направиме она што е најдобро до крај. Верувам дека на оваа вест ќе се израдуваат сите спортисти, а најмногу ние кои живееме во Битола и од срце даваме поддршка на ФК Пелистер. Од денеска започнува една нова страница во спортот во Битола и Република Македонија, а посебно во фудбалот. Чекор по чекор почнуваме да ги средуваме работите. Со доаѓањето на Ѓоко Хаџиевски Пелистер ќе создаде многу проблеми на многу фудбалски клубави во Македонија, но и пошироко. Има многумина кои нема да се израдуваат на оваа вест, но таквите луѓе нема да бидат наши соработници“ изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

Нема коментара:

Постави коментар