Powered By Blogger

5. 12. 2014.

Мирчевски и Мустафов повикани во младата селекција, ќе играат дури и против Пелистер

ТРОЈЦА БИТОЛЧАНИ, А ДВАЈЦА ОД ПЕЛИСТЕР ПОВИКАНИ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ПОД 21 ГОДИНА, КОЈА ЌЕ ОДИГРА ТЕСТ МЕЧ И ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР

Стручниот штаб на репрезентација на Македонија до 21 година ќе организира селективен тренинг-камп од 7 до 11 декември во Дојран. Селекторот на нашата млада репрезентација, Благоја Милевски, за селективниот тренинг камп повика 22 фудбалери, меѓу нив тројца битолчани (Пивковски, Мустафов и Мирчевски). Во рамки на селективниот тренинг камп ќе бидат одиграни и два контролни натпревари, на 9 декември со Хоризонт Турново и два дена подоцна со Пелистер.


Голмани:
Дамјан Шишковски (Работнички), Игор Алексовски (Македонија ЃП)

Одбрана:
Дарко Велковски (Работнички), Леон Најдовски (Македонија ЃП), Алекса Амановиќ (Телеоптик), Виктор Талевски, Филип Ристовски (Металург), Ангелче Тимовски (Силекс), Бесир Демири (Шкупи), Стефан Коцев (Брегалница), Стефан Багашовски (Силекс)

Среден ред:
Бурхан Мустафов (Пелистер), Кристијан Иванов (Хоризон Турново), Бесмир Бојку (Шкендија), Мартин Мирчевски (Пелистер), Јасир Асани (Вардар), Валентин Кочовски (Хоризонт Турново)

Напад:

Виктор Англелов (Металург), Филип Пивковски (Новара), Марјан Радески (Металург), Димитар Иванов (Вардар), Љавдрим Скендери (Ренова)

Нема коментара:

Постави коментар