Powered By Blogger

17. 12. 2014.

Комплетен рез во Пелистер: Разделба со уште пет фудбалери

ДО ОВОЈ МОМЕНТ ДЕВЕТ ФУДБАЛЕРИ ГО НАПУШТИЈА ПЕЛИСТЕР, А МЕЃУ НИВ ДЕНЕС ОФИЦИЈАЛИЗИРАНА РАЗДЕЛБАТА СО ПЕТ ПЕЛИСТЕРЦИ
Она што деновиве најмногу се шпекулираше и нагаѓаше, клубот го официјализира. Откако во последниот месец Пелистер со спогодбен раскин го напуштија Владица Брдаровски и првиот есенски стрелец Бошко Ступиќ, а на истек на договорите дефанзивецот Горан Ганчев и бугарскиот десен бек Кирил Динчев, беше само почеток.
Комплетната реконструкција на битолскиот прволигаш продолжи со уште пет заминувања. Клубот по договор ја прекина соработката со Благојче Главевски, Димче Ристевски, Тони Магловски и Дејан Велевски, а разделба ќе следи и со напаѓачот Благојче Марковски, кој е на истек на договорот и не му е понуден нов. Марковски се наоѓа во последна фаза на рекуперација, откако ја скрши клучната коска на мечот со Силекс во Кратово во октомври. Со ова од Пелистер веќе заминаа девет фудбалери, а тоа треба да биде само загревање за бурниот преоден рок, во кој ростерот на осмо пласираната екипа по есенскиот дел од шампионатот ќе претрпи големи измени. За засилувањата и натаму многу не се говори, туку управата работи во тајност како би го подигнала квалитетот на тимот.

Нема коментара:

Постави коментар