Powered By Blogger

7. 12. 2014.

Димитровски ги „наполни„ радовишани

ЗА САМО ЧЕТИРИ ДЕНА РАКОМЕТАРИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ЗАБЕЛЕЖАА ДВЕ БИТНИ ПОБЕДИ ВО ВИП СУПЕРЛИГАТА
Пелистер - Радовиш 37:33 (17:15)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 800
Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев (Скопје)
Пелистер:
Симоновиќ, Јовановски, Николиќ 4, Дрогришки 7, Димитровски 13, Илиевски 3, Рајатовски 3, Тодоровски, Гаревски, Вељановски 1, Ѓорѓиевски, Нечков, Хрисов, Кузмановски 6

Седмерци: 5/4
Исклучувања: 6 минути

Радовиш:
Паунов, Конзулов, Марков 1, Петров 4, Илиев 8, Долдуров 4, Мијалов, Ѓеорѓив, Фенов 3, Спасков, Јованов, Спасов, Коцев, Ордев 7, Блажевски 6

Седмерци: 5/4
Исклучувања: 4 минути


По елиминацијата од Европа, ракометарите на Пелистер ја забележаа втората последователна домашна победа и даваат максимум да влезат во плеј-офот. Момците на Николовски водеа во текот на сите 60 минути. Во првиот дел таа предност главно изнесуваше 2-3 гола и по акциите на Николиќ и Дрогришки, се изнадава голови кружниот напаѓач Васко Димитровски. Одлучувачкото одлепување битолчани го имаа во 48 минута, кога со голот на Кузмановски „зелените„ побегнаа на 34:27. До крајот рутинска победа и зајакнување на моралот на младата битолска екипа пред најбитните мечеви во овој дел од сезоната. Егзибиција на Васко Димитровски кој практично секој контакт со топката го реализираше во гол.  

Нема коментара:

Постави коментар