09.12.2014.

Динчев замина, уште на двајца им истекуваат договорите


ПРВА ЗАДАЧА НА УПРАВАТА НА Е ДА ГИ РАЗРЕШИ ДИЛЕМИ ОКОЛУ ФУДБАЛЕРИТЕ НА ИСТЕК НА ДОГОВОРИТЕ
Тројца фудбалери на Пелистер оваа зима се наоѓаат на истек на договорот и прва задача на управата на клубот е да го реши нивниот статус. Бугарскиот интернационалец Кирил Динчев си замина од Пелистер на истек на договорот и веќе се врати во Ловеч.
Во претходните една и пол година, тој одигра 20 натпревари во зелениот дрес, главно како десен, но понекогаш и како лев бек. Многу повеќе играше оваа одколку минатата сезона. Со неговото заминување свртена е нова страница што се однесува до бугарските интернационалци, бидејќи претходно битолскиот клуб го напуштија Христов, Љубенов, Ковачев и Воденичаров. Исто така напаѓачот Благојче Марковски, кој се наоѓа во завршна фаза на опоравување по тешката повреда на клучната коска во Кратово пред неполни три месеци и поливалентниот бек Миле Петковски наскоро ќе разговараат за својата иднина. Во меѓувреме утре наместо во Дојран, во Скопје на терените на Куќата на фудбалот, Пелистер ќе одигра контролен меч со младата репрезентација на Македонија на Благоја Милевски. На овој меч Хаџиевски и неговиот стручен штаб ќе можат да ги проверат моменталните сили на битолчани. Денес во меч на Б екипите, Пелистер го совлада Вардар со 2:1, со победоносниот гол на Иве Трифуновски, во првиот меч во кој Хаџиевски седеше на клупата на пелистерци.

Нема коментара:

Постави коментар