23.12.2014.

Хуманитарна акција е последнатa јавна активност на пелистерци оваа година

ПЕЛИСТЕР В ПЕТОК ЈА ОФИЦИЈАЛИЗИРА НОВАТА СТРУКТУРА НА ШКОЛАТА И ГИ ДАРУВА НАЈМЛАДИТЕ
Една од своите последни јавни активности оваа година, ФК Пелистер најави за крајот на оваа недела. В петок од 11 часот во ОУ „Ѓорѓи Сугарев„ во Битола битолскиот клуб ќе ја покаже својата хуманитарна страна преку новогодишна акција, во која ќе бидат вклучени учениците на ова училиште.
Имено професионалците од ФК Пелистер, стручниот штаб и управниот одбор ќе даруваат новогодишни пакетчиња и дел од спортската опрема на клубот за најмладите, кои меѓу другото се навивачи на нашиот клуб. На настанот ќе биде официјализираната и реорганизацијата на фудбалската академија на ФК Пелистер и ќе бидат претставени тренерите кои ќе работат во неа. Што се однесува во преодниот рок, засилувањата и останатите детали, во клубот и натаму се молчи и се подготвува терен за во првите неколку дена од новата година, Пелистер официјално да претстави неколку свои новајлиии. До овој момент заминаа 9 фудбалери кои го носеа зелениот дрес во есенскиот дел од шампионатот.  

Нема коментара:

Постави коментар