Powered By Blogger

4. 12. 2014.

ФОТО: Хаџиевски се запозна со пелистерци на првиот тренинг

ВЕДНАШ ПО ПРЕТСТАВУВАЊЕТО, ШОКО ХАЏИЕВСКИ СЕ ЗАПОЗНА СО ВОИТЕ НОВИ ФУДБАЛЕРИ
Веднаш по првата прес-конференција и претставувањето Ѓоко Хаџиевски се упати на градскиот стадион под Тумбе кафе се запозна со постоечкиот играчки кадар на битолчани.
Сите фудбалери, освен оние од Б екипата кои денес играат во Тетово, па дури и оние повредените имаа можност да се разговараат и да ги чујат плановите на Хаџиевски. Новиот тренер, неговиот помошник Коки Аврамовски и комплетната управа на клубот на фудбалерите им ја предочија стратегијата и краткиот план на тренинзи, кои ќе траат до 15 декември, а потоа професионалците на првата екипа ќе заминат на одмор.

Нема коментара:

Постави коментар