Powered By Blogger

9. 12. 2014.

Хаџиевски стартуваше со победа


ВЕЧНОТО ДЕРБИ НА Б ЕКИПИТЕ ЗА БИТОЛСКИ ПЕЛИСТЕР ЗА КОГО ДЕБИТИРАШЕ НОВИОТ ТРЕНЕР ХАЏИЕВСКИ
Во првиот меч во кој новиот шеф на стручниот штаб на Пелистер, Ѓоко Хаџиевски седеше на клупата на Пелистер, битолчани забележаа победа. Во мечот од редовното коло на Б екипите, шареноликиот состав на Пелистер го совлада Вардар со 2:1 со победеносниот гол на Иве Трифуновски од пенал во второто полувреме.
Двете екипи на теренот „Павел Шатев„ на вештачка трева одиграа одличен меч и покрај лошите временски услови и врнежливото и ладно време. Пелистер в четврток во Скопје на теренот на ФФМ во Куќата на фудбалот игра уште еден контролен меч со младинската репрезентација на Македонија на Благоја Милевски. Во оваа селекција повикани се двајца продукти на школата на битолскиот клуб, Мартин Мирчевски и Бурхан Мустафов.

Нема коментара:

Постави коментар