Powered By Blogger

7. 12. 2014.

Новески се врати во стартниот тим, Мајнц влезе во резултатска криза

БИТОЛЧАНЕЦОТ ПАК НА ТЕРЕНОТ, МАЈНЦ ПЕТ МЕЧА БЕЗ ПОБЕДА
Николче Новески се врати во стартната постава на бундеслигашот Мајнц по пауза од 80 дена поради повреда на коленото. Битолчанецот попладнево беше дел од тимот на Мајнц кој загуби на гости кај Хамбусгер со 2:1, а ова е негов прв меч како стартер по 24 август, кога на дуелот со Падерборн ги истегна лигаментите на левото колено.
Во меѓувреме влезе како измена, на 22 ноември, кога одигра само неколку минути на крајот од ремито 2:2 против Фрајбург. Мајнц нема победа на последните пет меча, а во последното коло загуби во Гелзенкрихен кај Шалке со 4:1. Тимот на Новески сега е на 11 место на табелата, со 3 победи на 14 натпревари сезонава.

Нема коментара:

Постави коментар