10.12.2014.

ФК Пелистер добива свои нови простории

НАПОРЕДНО СО ЕКИПАТА ПЕЛИСТЕР РАСТЕ И КАКО КЛУБ И НАЈАВУВА ПЛОДНА 2015 ГОДИНА
Како дел од својот нов организациски план битолскиот прволигаш до крајот на годината ќе добие свои нови комфорни простории кои ќе бидат веднаш до Широк сокак и ќе ги заменат сегашните простории на малата трибина на стадионот под Тумбе кафе.
Така по новата опрема која клубот ја обезбеди и клубскиот автобус, кој ќе биде пуштен во употреба во 2015 година, Пелистер добива уште една важна алка во својот мозаик. Во меѓувреме фудбалерите ќе тренираат до сабота кога по последниот тест натпревар, фудбалерите ќе заминат на одмор, кој ќе трае еден месец. Скоро сигурно вториот дел од подготовките избраниците на Хаџиевски ќе го минат во Анталија, а наскоро ќе бидат официјализирани термините и противниците. По зимски подготовки главно во нашата земја, во Охрид и Дојран и еднаш во Шпанија, за прв пат Пелистер ќе мине скоро две недели во Турција како би ги „наполнил акумулаторите„ за фудбалската пролет.

Нема коментара:

Постави коментар