05.12.2014.

Пашовски добро мина, повредата ќе го оддалечи само три недели

ПОВРЕДАТА НА КАПИТЕНОТ ПАШОВСКИ ЗА СРЕЌА НЕ Е ТАКА СЕРИОЗНА КАКО ШТО НАЈНАПРЕД ИЗГЛЕДАШЕ
Капитенот и голманот на Пелистер, Горан Пашовски го напушти натпреварот со Шкендија во Тетово во неделата во 11 минута заради незгоден одскок по калливиот терен, заради кој ги истегна лигаментите од скочниот зглоб.
Сепак магнетната резонанца не покажа сериозно оштетување и Пашовски за три недели ќе биде целосно опоравен. Но со оглед на тоа што пелистерци само уште три недели ќе тренираат, тој ќе се врати на терените на стартот од зимските подготовки на средината од јануари 2015 година. Од повредените во фаза на комплетно опоравување се Миленковски и Методија Степановски, Трајковски е успешно опериран од препони, а Благојче Марковски исто така ја остави зад себе повредата на клучната коска и брзо ќе биде подготвен за интензитетот на тренинзи. 

Нема коментара:

Постави коментар