29.12.2014.

Ивановиќ и Младост Царев двор се разделија

МИЛАН ИВАНОВИЌ ВО НАРЕДНАТА 2015 ГОДИНА ЌЕ ИГРА ЗА НОВ КЛУБ
Десниот бек на второлигашот Младост Царев двор, Милан Ивановиќ по една успешна сезона во клубот се раздели со ресенскиот тим. 
Бившиот фудбалер на Пелистер најнапред беше во тимот кој обезбеди промоција во Втората лига со победата против прилепска Победа, а потоа екипата презими на четвртото место, по серија на добри игри во централниот дел од есента и лоша завршница. Неколку клубови се интересираат за Ивановиќ, кој наскоро ќе го обелодени својот нов клуб. 

Нема коментара:

Постави коментар