Powered By Blogger

9. 12. 2014.

Лукас Недановски на проба во Арсенал?


НОВ МАКЕДОНСКИ ТАЛЕНТ РОДЕН ВО АВСТРАЛИЈА, СЕ ИСТАКНУВА ВО ТАТКОВИНАТА
Младиот 12 годишен австралиец со македонски потекло, Лукас Недановски овие неколку месеци е во Македонија и неговиот талент не остана незабележан. Имено откако тренираше со Академија Пандев и го следеа менаџерите на Горан Пандев, младиот напаѓач Недановски, кој е роден во Мелбурн веќе е интересен за многу европски клубови.
Тој дебитираше во селекцијата на Македонија под 14 години и настапи со момчиња две години повозрасни од него. Сепак одлично се снајде, задоволи и беше на неколку дневен камп на ПАОК. Заради блиската соработка на солунскиот клуб со Арсенал, Лукас во јануари го очекува пробен период во лондонскиот клуб, каде веќе е струмичанецот Илиев. За Лукас Недановски се распрашуваат и клубови од Серие А.

Нема коментара:

Постави коментар