04.12.2014.

Ристевски: „Многу тренери беа заинтересирани за местото на Хаџиевски„

МНОГУБРОЈНИТЕ ШПЕКУЛАЦИИ ЗА ТРЕНЕРСКОТО МЕСТО ВО ПЕЛИСТЕР БИЛЕ ВИСТИНИТЕ. ХАЏИЕВСКИ ПОБЕДИЛ ВО ГОЛЕМА КОНКУРЕНЦИЈА
Сопственикот на компанијата „Цермат„ која е доминантен сопственик и во ФК Пелистер, Зоран Ристевски, обелодени како течеа преговорите со Хаџиевски и кога падна одлуката:
„Пред два месеци за прв пат разговаравме, но можам да ви потврдам дека многу тренери од Македонија и од странство, посебно од Србија беа заинтересирани за ова место. Ние коректно разговаравме со неколкумина, но штом излезе реалната опција Хаџиевски да го ангажираме во ниту еден момент не размислувавме. Можеби медиумите малку ни се лутат што во овие два месеци ништо не соопштувавме, но наша пракса на работа е да излеземе дури кога ќе е официјално и тоа и го направивме. Така ќе биде и во иднина„ потенцираше Ристевски. 

Нема коментара:

Постави коментар