Powered By Blogger

11. 12. 2014.

Надежите поуспешни од „шарениот„ Пелистер


ШАРЕНИОТ ТИМ НА ПЕЛИСТЕР ПОРАЗЕН ОД МЛАДАТА МАКЕДОНСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Македонија млада репрезентација - Пелистер 2:1 (2:0)

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година го победи битолски Пелистер на вториот контролен натпревар во рамки на селективниот тренинг-камп на младата репрезентација.
На теренот во Ѓорче Петров, фудбалерите на Благоја Милевски запишаа победа од 2:1. Виктор Ангелов во третата и Јасир Асани во 14. минута ги постигнаа погодоците за нашите надежи. Бошко Допуш го даде голот за тимот предводен од Ѓоко Хаџиевски. Репрезентативецот Дарко Велковски не реализираше две најстроги казни за поубедлива победа, фудбалерот на Работнички промаши пенал во првиот и вториот дел. За македонската младинска репрезентација од првата минута настапи Бурхан Мустафов, а во вториот дел дебитираше Мартин Мирчевски.

Македонија:
Дамјан Шишковски, Филип Ристовски, Бесир Демири, Алекса Амановиќ, Дарко Велковски, Ангелче Тимовски, Бурхан Мустафов, Јасир Асани, Љавдрим Скендери, Филип Пивковски, Виктор Ангелов.

Пелистер:
Христијан Стоилков, Миле Петковски, Бошко Допуш, Горан Босилковски, Александар Анастасов, Никола Митиќ, Љупчо Трпески, Асмир Мисини, Игор Станоевиќ, Димче Ристевски, Јоргос Цирилидис

Нема коментара:

Постави коментар