Powered By Blogger

3. 12. 2014.

Пелистер за утре закажа прес, ќе го промовира Хаџиевски

БИТОЛЧАНИ ДЕНЕС ЌЕ ГО ДОЗНААТ ИМЕТО НА НОВИОТ ТРЕНЕР НА ОФИЦИЈАЛНА СРЕДБА СО НОВИНАРИТЕ
Иако до пред неколку дена изгледаше незамисливо денес е реалност. Пелистер утре од 11 часот ќе одржи официјална промоција на новиот шеф на стручниот штаб, Ѓоко Хаџиевски. Клубот ниту потврди, ниту демантираше во текот на вчерашниот ден околу можноста бившиот селектор да се врати на клупата на која се афирмираше како тренер.
Враќањето на Хаџиевски по 23 години во Битола треба да означи еден нов почеток, во кој пелистерци не ги кријат големите амбиции. Најтрофејниот македонски клубски и репрезентативен тренер, по работата во 9 странски земји, се враќа во Македонија, токму за Пелистер. Новиот тренер веднаш ќе го одржи првиот тренинг, а пелистерци ќе работат до 15 декември. Клубот денес одржа вонредно собрание, на кое беше распуштен стариот и официјализиран новиот борд на директори, во кој партеципираат членови од доминантиот сопственик и од општина Битола. Клубот утре ќе ги соопшти и своите планови околу административните промени и спортската структура на клубот. 

Нема коментара:

Постави коментар